Многу од луѓево гледам дека немаат допир со реалноста и пишуваат секакви глупости по Редитов. Дали вие стварно мислите дека студентите победија во Србија? Дали мислите дека стварно Србија ќе стане независна, медиумите ќе се ослободат, ќе се укинат казината и кладилниците? Смешни сте.
Башака, гледам и припосакувате некакви протести у Македонија. Одма ќе ве разочарам: таа болест помина кај нас уште пред 10 години, со Шарена коалиција која имаше околу 4,75% во тогашното време и се припои накај СДСМ.
2015 исто имаше протести (пред Шарените) за Мартин Нешковски, малку спиеја пред Влада? Со шатори урлаа, се тепаа во гради, такви независни како вас што сте за некое слободно движење. Никому ништо, 2 години подоцна ВМРО освои преку 400.000 гласови на избори.
Опозиција? Кои, каква опозиција? Дали Левица стварно ја рачунате за некаква опозиција? Партија само што служи за дигање прашина пред избори или во парламент, таа партија и Апасиев се слуги на ДПМНЕ и СДСМ. Секако, ништо немаат направено за никого и кој за што да ги гласа? За празни ветувања? За смешни предлог-закони, за тепање во гради? Не, фала, а и идеологијата им е срање.
Моментална ситуација е таа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе владее уште најмалку 4–8 години, сакале вие тоа или не. Не постои посплотена и постабилна партија.